Essence eyebrow kit + Essence lash/brow Gel Mascara Review





Одамна сакав да купам сенка за веѓи, поточно овие од есенц, ама секогаш купував нешто друго. Имам природно полни веѓи и немам некоја голема потреба за нешто вакво, најчесто ги пополнував со обична мат сенка, или моливче за веѓи.
Цената е повеќе од добра и заедно со комплетот за веѓи го купив и овој гел за веѓи, и не се покајав ни малку затоа што се предобри.

Комплетот содржи две сенки, една посветла (одлична би била за плавуши) една по темна сенка, и една мала четка којашто мене не ми служи за ништо затоа што е премала и влакната се прејаки. Пакувањето не ми се допаѓа многу, не е многу сигурно за носење во чанта затоа што може да се отвори, ама тоа не е многу лошо затоа што продуктот е одличен, и за таа цена не можеш да очекуваш нешто по луксузно. Јас ги користам двете нијанси, од посветлата нанесувам на почетокот на веѓата, а од потемната на остатокот, и така добивам полна дефинирана веѓа.


Потоа нанесувам од гелот за да трае подолго и се да си остане на место цел ден. Патем ова е првиот гел за веѓи што го користам, и сум задоволна и не планирам да го сменам затоа што мислам дека за оваа цена нема да најдам ништо подобро, а реално не ни имам потреба за нешто подобро затоа што гелов одлично си ја врши работата.
Има течна текстура, и она што најмногу ми се допаѓа е дека не ги ги лепи ниту ги прави појаки веѓите, дури не се ни чувствува дека го имате нанесено.

Јас сум многу задовона, и ги препорачувам затоа што се едноставни и лесни за употреба а сепак многу евтини.
10/10




I am very happy that I bought this eyebrow kit from essence, I was using brow pencil for a while but I wasn't satisfied with the result, it was too much for an everyday look.
The packaging its simple, and I don't like it its not that easy for using, but it doesn't matter when the product its great. The set comes in two shades medium brown and dark brown and the shades are super wearable and I think they will be perfect for everyone.
With the set I bought this gel mascara for eyebrows and I looveee it! Its so cheap and great product!
You can use this as your mascara or to set your brows. I only use it for my brows and I must say that it does a great job of keeping the hairs in place and it doesn't feel uncomfortable.