Monthly Favorites








Знам дека Јануари е уште тука, ама веќе долго време немам пишувано кои ми се омилени продукти периодов, па денес одлучив да го сторам тоа. Овие продукти ги користев скоро секој ден во Јануари, а некои од нив подолго време во 2014.


1. TBS Camomile Silky Cleansing Oil - Откритие на годината,  како што веќе знаете имам многу сува кожа во зима, па кога требаше да го чистам лицето повеќе не беше релаксација за мене него мака, од сите производи што ги имав дома имав чуство на пецкање и чешање. За маслово дознав од една блогерка од Хрватска и морав да го пробам, и сум презадоволна одлично отстранува секаква шминка. Јас го нанесувам со раце и го масирам на кожата на лицето и вратот, и го отстранувам во топла вода. Од мене 10/10

2. Oriflame Face Wash - Неможам а да не го пофалам гелов за чистење на лице од орифлејм. Иако мислев дека ќе имам проблем да го користам, да не ми ја исуши дополнително кожава, се покажа сосема спротивното немав таков проблем. Го користам кога имам потешка шминка и кога маслото не е доволно да ја отстрани целата шминка.

3. L'oreal Triple Active (dry/sensitive skin) - Пробав да го сменам со други креми за лице ама пак се вратив на овој. Немам користено подобрар крем од овој, многу брзо се впива во кожата и не остава лепливо чуство ниту пак мрсен сјај на кожата како некои други креми тоа е голем плус ако после тоа продолжите со течна пудра.


4. H&M nail polishes - Многу сум пријатно изненадена од лаковите на h&m, затоа што ги купив по многу смешна цена и плус имам кршливи нокти па никој лак за нокти не ми траел повеќе од 2 дена, по некое чудо овој ми траеше една недела.


5. TBS Shea Body Butter - Немам коритено подобар путер за тело од овие на боди шоп, имам пробано и други, ама овој ми е омилен за периодов, многу хидратантен, брзо се впива во кожата и ја прави кожата многу мека на допир.


6. Max Factor CC cream - можете да ја прочитате рецензијата ----> тука

7. Catrice Camuflage Cream - После толку многу пофалби, морав да го пробам и не се покајав што го купив иако имам многу други коректори што не ми се ни до пола потрошени.Има одлична покривност и трае доста долго, доволна е многу мала количина да покрие голем дел од недостатоците на лицето.

8. Clarins Gloss Prodige - Многу ретко користам сјај за усни, ама со овој имав многу добро искуство. Не остава лепливо чуство на устата како другите што ги имам користено, премногу е траен на устата и усните ги прави по меки и изгледаат по полни. 

9. Isadora Face Scupltor - Има малце по висока цена ама вреди за секој денар! Ги користам секој ден сите 3 производи и сум презадовола, мислам дека брознер хајлајтер и руменило нема да купам наредниве 2 години, значи премногу бавно се троши трае ненормално многу на лицето и изгледа предобро. 



10. Narciso By Narciso Rodriguez - Опседната сум со парфемов, има одличен не секојдневен мирис, и доволно е многу малце за за да остане мирисот цел ден на кожата.

11. Mac Riri Hearts Mac - Многу сакам светкави сенки, некогаш ги користам преку ден само со маскара, преубав ефект даваат на очите. Боите се прекрасни и одговараат на секаков тен и боја на очи. Мене ми е супер трајни, ама без база за очи незнам колку би ми биле трајни затоа што имам премрсни капаци.