Max Factor CC Cream Review





Здраво на сите, денес главна тема ми е ЦЦ кремата на Макс Фактор. Оваа ми е прва ЦЦ крема што ја користам и морам да признаам бев многу скептична кога прв пат излезе на пазарот, мислев дека е уште еден "маркетинг трик" за совршена кожа, ама после толку многу прочитани рецензии морав да ја имам.
Сега откако ја пробав и ја користам подолго време можам да кажам дека сум импресионирана, по нанесувањето имав блескав природен сјај на кожата, а имам многу сува дехидрирана кожа периодов па со пудрава не ми изгледаше уште по суво ниту пак ми се собра на лицето како некои други пудри, има средна покривност (подобра од бб крема), многу лесна структура и лесно се размачкува.




Спакована е во класична црна туба од 30мл, што значи можете да ја искористите целата пудра што е внатре, мене лично ми се допаѓа затоа што е по практично и можам да ја носам во чанта ако имам потреба. На самата туба се гледа и нијансата, инаку има 4 (40 fair,50 natural, 60 medium, 75 tanned) јас ја имам најсветлата нијанса (40) и е одлична за луѓе како мене со многу светол тен.
Во однос на нанесувањето пробав и со четка за течна пудра и со сунѓер ама не ми се допаѓаше ефектот, најдобро ми беше со прсти.
Јас сум многу задоволна и имам само пофални зборови,  незнам како би одговарала на луѓе со мрсна кожа, иако мислам дека со малце камена пудра со мат финиш би била одлична за сите типови на кожа.


Вака изгледа на лице, јас сум многу задоволна. Нема голема покривност, ама доволна за секојдневно користење.


Hello everyone, today I'm gonna talk about Max Factor CC cream, this is the first CC cream I have ever tried, and I must say I was skeptical when I saw it on the market for the first time. Now I'm so impressed, it gives such a natural healthy glow to my skin, has a really good coverage (better than a bb cream), smooth pores away, blends perfectly into the skin and has SPF 10.
I have the lightest shade 40 Fair and its perfect for my skin tone.
The packaging its squeezing plastic tube that its 30ml in size, I can say that I like it, its simple and easy to use.
I love this product and I highly recommend it, especially if you want something lightweight for everyday with a nice coverage.