Essence soo glow! cream to powder highlighter


МКД
Бев во потрага по добар хајлајтер и по пристапна цена, многу ми го препорачаа овој на есенц па морав да го пробам. Кремастите хајлајтери и не ми се нешто многу омилени, ама со овој имав едно поинакво искуство затоа што е доста погоден за секој ден ако сакаш да додадеш некој здрав сјај на лицето, лесно се бленда и бојата е совршена за мојот блед тен.

Доаѓа во класично пластично паковање, содржи 4г производ и пожелно е да се користи до 12 месеци.

Јас го нанесувам на делот над јаболчниците, за да го истакнам тој дел, и многу малце на носот. Не сакам никако да претерам затоа што имам мрсна Т-зона и хајлајтерите со кремаста структура  можат да го истакнат тоа уште повеќе.

И морам да кажам дека е еден многу добар хајлајтер, и дека вреди да се проба затоа што е со многу достапна цена.




EN
I was looking for some good and cheap highlighter, and after reading a lot of reviews I decided to try this one from essence. I don't really like creamy highlighters but with this one I had one really good experience because its really good for  everyday use if you like to get that dewy/glow looking cheeks, its easy to blend into the skin, and its perfect for my pale skin .

It comes in a classical plastic packaging,  contains 4gr products and you can use it 12 months.

I like to use it above my cheeks, and on my nose, but you should be very careful especially if you have a oily T zone, because creamy highlighters can show that even more.

I must say that this is a really good product, and its worth for trying because the price its affordable.